Денеска се оддржа второто рочиште од судењето за масакрот во Рибникар, во кој Коста К., на 3 мај уби девет деца и чуварот на училиштето.
По завршување на рочиштето за масакрот, во салата на Вишиот Суд во Белград дошло до помал инцидент меѓу родителите на жртвите и мајката на момчето убиец.
Присутните родителите на убиените деца во раце држеле слики од своите деца.
Адвокатите на Кецмановиќ први ја напуштиле судницата, а на клупата пред судницата виделе слики од убиените деца наредени од нивните родители. Српските медиуми пренесуваат дека родителите на убиените деца и викале наМиљана Кецмановиќ : „мајка монструм“.
Адвокатот Боривој Боровиќ, кој го застапува семејството Кецмановиќ, родителите на убиените деца го нарекле „злосторник“ и „лажго“.