Владата на Република Северна Македонија е легитимна, демократски избрана, стабилна и е во сигурни раце под раководство на eвропско ориентирани партии, соопшти ДУИ, порачувајќи им на членовите на ВМРО-ДПМНЕ да не се вознемируваат многу.
„Исто така и нашата држава е во сигурни раце и на прав пат, кон полноправно членство во Европската Унија и во стратешко партерство со САД. Денешните пропагандистички и панични реакции на нашиот помал партнер ВМРО-ДПМНЕ служат само за за поттикнување забуни и се во функција на нивната кампања на сеење страв преку лажни вести. Недржавничкото постапување во Собранието на опозицијата докажа дека ВМРО-ДПМНЕ не ги почитува ниту граѓаните, ниту законите, ниту Уставот“, соопшти партијата на Али Ахмети.