Малолетници од Кавадарци злоупотребиле фотографии од Фејсбук

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Обвинителството доби вештачење за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветоодделенци во Кавадарци. Наодот од нареденото вештачење, кое се однесува на дигитална обработка на фотографиите, е доставен до обвинителството и се разгледува, по што ќе биде донесена одлука, ијзавиле од ОЈО за МИА.

На 25 октомври лани ОЈО Кавадарци оформи предмет за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветоодделенци во Кавадарци. Тогаш ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци достави известување против непознати лица.

Државниот просветен инспекторат соопшти дека овој настан со злоупотребени фотографии се случил надвор од училиштето, и на него работат Министерството за внатрешни работи и ОЈО Кавадарци, по пријава од родители.

Основното училиште на 13 октомври пријавило во кавадаречката полиција дека шест малолетници злоупотребиле фотографии од малолетни девојчиња. Според пријавеното, фотографии биле преземени од социјалните мрежи и на нив биле измонтирани фотографии со недолична содржина.

Со пријавените ученици бил извршен службен разговор, а било разговарано и со родителите на девојчињата чии фотографии биле злоупотребени.

Родител на едно од девојчињата за МИА рече дека деветтоодделенците правеле монтажи, така што главите од фотографии на девојчињата, преземени од „Фејсбук“ ги монтирале со апликација на експлицитни фотографии од голи тела и ги споделувале по групни четови.

Share This Article