Мртво новороденче е пронајдено во тоалет на бар на северот на Велика Британија. „Тоа е трагедија и ја молиме мајката да не контактира или да побара лекарска помош“, изјавил за британските медиуми главниот инспектор во локалната полициска станица.
Гостин пронашол мртво новороденче во тоалет на паб во Лидс, Велика Британија, пишува Skynews.
Новороденчето е пронајдено во неделата, а британската полиција интензивно трага по нејзината мајка.
Инспекторот Џејмс Ентвистл од полициската станица во Западен Јоркшир бил потресен од инцидентот. „Тоа е трагедија, затоа ја молиме мајката да не контактира или да побара лекарска помош. Веројатно имала крајно трагично искуство, можно е да и треба лекување“, рече тој.
Настанот ги растажи и вработените во локалот. Жал ни е што ова се случи“, напишаа тие. Тие им се извинија на гостите.