Зеленски го покани Си Џинпинг на мировниот самит во Швајцарија

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украина го покани кинескиот претседател Си Џинпинг да учествува на планираниот мировен самит на светските лидери во Швајцарија, рече Игор Жовка, главниот дипломатски советник на претседателот Володимир Зеленски, додека руската инвазија се приближува на втората годишнина.

Кина има блиски врски со Русија и се воздржува од критики за нејзината инвазија на Украина, но го поддржува ставот дека суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји мора да се почитуваат и понуди да помогне во посредувањето во конфликтот.

– Дефинитивно ја покануваме Кина да учествува на самитот, на највисоко ниво, на ниво на претседателот на Народна Република Кина. Учеството на Кина ќе ни биде многу важно. Работиме со кинеската страна. Ги вклучуваме нашите партнери во светот со цел да и пренесеме на кинеската страна колку е важно да се учествува на таков самит – рече Жовка во интервју за Ројтерс.

Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин прогласија партнерство „без ограничување“ само три недели пред руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година. Оттогаш, Кина драматично го зголеми увозот на руски енергенси. Путин вели дека инвазијата била неопходна за да се заштити безбедноста на Русија, додека Киев и Западот велат дека во таа неиспровоцираната војна се работи за агресија и одземање на територија.

Неутралната Швајцарија се согласи да биде домаќин на украинскиот мировен самит за Украина на барање на Зеленски, но датумот и локацијата сè уште не се одредени. Жовка рече дека екипите сѐ уште работат на деталите.

Жовка, исто така, посочи дека советниците за национална безбедност од рекордни 82 земји учествуваа во разговорите во швајцарскиот град Давос овој месец, кои се фокусираа на мировниот план на Украина од 10 точки. Русија не беше поканета на планираниот самит и претходно изјави дека украинскиот план во 10 точки нема да вроди со плод.

Овој план предвидува обновување на територијалниот интегритет на Украина, повлекување на сите руски сили, заштита на снабдувањето со храна и енергија, нуклеарна безбедност и ослободување на сите воени заробеници.

– Ќе разговараме за конкретен план за спроведување на оваа мировна формула – рече Жовка.

Украина се бори да ја задржи меѓународната поддршка поради знаците на замор меѓу нејзините западни сојузници по неуспехот на контраофанзивата на Киев минатата година да постигне напредок на бојното поле. Минатата година, Пекинг изнесе свој план од 12 точки за мир во Украина, кој вклучува прогласување прекин на огнот, но не бара Русија да се повлече од која било територија што ја зазеде.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article