Студентот по астрофизика Хамидреза Фазлулах од „Рускиот универзитет за пријателство на народите“ решил да ја побие или видоизмени Општата теорија за релативноста на Ајнштајн.
Ајнштајн е еден од најголемите научници на 21 век, а Општата теорија на релативноста е меѓу неговите најважни придонеси за науката. Таа е одговор на претходната теорија на Њутн која била прифатена од сите. Овие теории се комплицирани, но едноставно кажано, Њутн верувал дека времето насекаде исто тече за сите додека, пак, Ајнштајн покажал дека објектите со огромна маса го „искривуваат“ времето со својата гравитација, па тоа на различни места различно тече. Тоа станува популарна тема во научната фантастика, па ликовите кои минале време на некојаси планета се враќаат многу помлади од нивните врсници на Земјата.
Нештата со маса се привлекуваат, а силата со која се привлекуваат се вика „сила на гравитација“. Тоа важи за галаксиите, планетите околу Сонцето и за сѐ што постои. Но ако зумираме, поинакви закони важат за атомите и субатомските честички (честички помали од атомот), па квантната физика се занимава со тие закони. Квантната физика не се вклопува со Општата теорија на релативноста на Ајнштајн и сонот на многу физичари е создавање теорија која ќе ги поврзе овие две теории и други теории кои не се вклопуваат.
Општата теорија на релативноста се соочува со уште еден проблем. Не може да се „ренормализира“. „Реномализирањето“ вклучува разни трикови кои физичарите ги употребуваат за да можат да ги употребат теориите кога не функционираат. Општата теорија на релативноста не може да се „ренормализира“ кога ќе се судри со теоријата на квантната физика, а и Универзумот е толку комплициран што едноставниот модел на теоријата не функционира во пракса.
Што сторил Фазлулах? Во теоријата на Ајнштајн, енергијата не се губи, туку само се менува. Шпоретот и ја пренесува топлината (енергијата) на течната вода која станува пареа, а пареата му ја пренесува топлината на воздухот и пак станува течна вода, па воздухот ја пренесува енергијата наоколу и сѐ до недоглед. Но, таа не се губи. Фазлулах ја применил теоријата за размена на енергијата во екстремни услови за да објасни како сето тоа влијае на создавањето гравитација и „искривувањето“ на времето.
Фазлулах поточно направил мали промени во Општата теорија на релативноста, односно се обидел да ја исполира, а не сосем да ја побие.