Не е заглавен изборот за универзален снабдувач со електрична енергија, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Според него, Комисијата за евалуација работи секојдневно на тоа.
-Мислам дека веќе наредните денови Комисијата ќе излезе со конкретен резултат – нагласи Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на јавната дискусија за нацрт-текстот на „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија 2024-2026“.
На повикот за универзален снабдувач со струја се јавија сегашниот снабдувач ЕВН ХОУМ, ЕСМ Продажба и ЕДС.