Тимот на Македонското еколошко друштво (МЕД) минатата ноќ лоцираше нова рисица, и тоа во кафез-замката која беше направена минатата недела, а поставена пред само три дена.
„Рисицата Луна пред само неколку часови беше лоцирана на планината Буковиќ, во близина на Стража. Тешка е 16 килограми и е во одлична здравствена состојба. Откако беа направени потребните прегледи и ѝ беше поставен околувратник преку кој ќе го следиме нејзиното движење, таа беше пуштена на слобода“, коментираат од МЕД.
Инаку, балканскиот рис се наоѓа на врвот на синџирот на исхрана и претставува регулатор на други животински животни во неговата средина. Ако рисот исчезне, тоа може да доведе до огромни и непредвидливи промени во природниот екосистем.
Затоа МЕД веќе скоро 20 години го следат рисот, во обид да го зачуваат екосистемот.