More

    Лорен Санчез на својот свршеник Џеф Безос му приреди гламурозна забава за неговиот 60-ти роденден

    spot_img

    Лорен Санчез на својот свршеник Џеф Безос му приреди гламурозна забава за неговиот 60-ти роденден.

    На роденденската забава на Џеф Безос гостите ги пречека одлична забава и интересна гастрономска понуда, а фотографирањето беше забрането.

    Целата прослава беше со тема „Небесно вселенско доба“, инспирирана од воздухопловната компанија на Безос „Blue Origin“.

    Свршеницата на Безос, Лорен Санчез, вложила посебен напор да го дизајнира 60-тиот роденден на нејзиниот иден сопруг, па направила реплика на првата канцеларија на Безос во компанијата „Амазон“. Во таа канцеларија го поставила дури и првото столче на кое седна Безос.

    Забавата се одржа во замокот на Безос во Беверли Хилс, а на листата на гости се најдоа многу познати имиња, меѓу кои Опра Винфри, Ким Кардашијан, Бил Гејтс, Иванка Трамп, Кендал Џенер, Хејли Бибер, Џеј Зи и Бијонсе, Кети Пери и Орландо Блум, Ники и Парис Хилтон,

    Понудата за храна на роденденската прослава бил разновидна, па секој можел да најде нешто за себе. Менито вклучувало, меѓу другото, скап кавијар и евтина брза храна од „Мекдоналдс“.

     

    Фотографија од забавата објави и Лорен Санчез. Облече атрактивен црвен тесен фустан со светки, а до израз дојде нејзиното бујно деколте.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img