Позната црногорска актерка почина на 47 години

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Црногорската актерка Ивана Мрваљевиќ ја загуби битката со тешката болест, почина на 47 години, објави Индекс.

На Ивана позната по улогата на обвинителката Кристина во серијата „Будва на морската пена“, во 2022 година и бил дијагностициран рак на дојка
– Можете да живеете со ракот ако прифатите дека тој е дел од вас и ако го надминете огромниот страв што ве обзема при спомнувањето на оваа болест –  изјави актерката за Радио Слободна Европа на крајот на минатата година.
Ивана Мрваљевиќ дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Подгорица, во 1999 година. Оттогаш е член на ансамблот на Градскиот театар, а подоцна магистрирала продукција во Торино. За време на студиите остварила значајни улоги.

Многумина ја паметат по улогата на обвинителката Кристина во серијата „Будва на морската пена“. Забележителни улоги имаше и во сериите „Мешан брак“, „Пари или животот“, „Бисерот на Бојана“.

Работела и во видео, ТВ, филмска и мултимедијална продукција и била директорка на Градскиот театар во Подгорица од 2012 до 2016 година. Ивана Мрваљевиќ важи за една од најистакнатите црногорски актерки на сите времиња.

Share This Article