More

    Ковачевски ја поднесе оставката, премиер ќе биде до недела

    spot_img

    Денеска во 11 часот премиерот Димитар Ковачевски ја поднесе оставката до Собранието, потврдија собраниските служби.

    – Дојдов во Собранието за да го направам тоа што е предвидено според законот. Сега ќе се видиме со претседателот на Собранието и ќе му посакам успешна процедура до недела, а потоа и успешен негов избор за технички премиер. Џафери е искусен политичар со големо искуство во водењето на Парламентот, а јас имам друго искуство со водење на корпорации, така што стилот на водење на Владата сигурно ќе биде различен. Меѓутоа, државата секако ќе го задржи својот стратешки правец и техничката влада сѐ уште ќе се грижи за граѓаните – рече Ковачевски, кој додаде дека чувстсвува огромна чест поради тоа што ја добил шансата да биде премиер.

    Откако ќе биде констатирана на утрешната седница, тој и и целиот негов кабинет ќе бидат во оставка.

    – За оставката од Џафери ќе бидете известени на време од велат од Кабинетот на Талат Џафери.

    Премиерската функција ќе ја врши до недела, најдоцна до полноќ кога треба да се изгласа новата техничка влада на чело со техничкиот премиер Талат Џафери.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img