Лука Дончиќ одигра уште еден одличен натпревар за Далас и постигна 34 поени против Феникс. Сепак, неговиот тим беше поразен, а одличниот кошаркар привлече многу поголемо внимание на овој меч поради она што се случуваше надвор од теренот.
Најпрвин за време на натпреварот тој побара еден навивач на противничката екипа да биде исфрлен од трибините, бидејќи постојано го викаше со презиме во текот на натпреварот. Последната капка беше кога тој го повика.
„Лука, ти си уморен. Ставете ја вашата кучка на лента за трчање“.
Кога новинар на ESPN сакаше да го праша Лука за овој инцидент по натпреварот, Дончиќ му кажа.
„Ти си првиот што пишува лоши работи за мене.
После тоа новинарот го прашал дали мисли дека медиумите го третираат лошо, но словенечкиот претставник не сакал повеќе да разговара со него.