Денес во Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“-фаза2 кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, ја реализира петтата форумска сесија од проектот.
На петтата форумска сесија учесниците на форумот имаат можност да се запознаат со постигнатите резултати и реализацијата на избраниот проект – Изградба на парк со детско игралиште во село Требеништа и останатите проекти и препораки од форумот кои тие ги избраа за најприоритетни за реализација.
Во рамките на Проектните активности кои општината ги реализираше изврши – Изградба на парк со детско игралиште во село Требеништа.
Вкупната вредност на проектот изнесува:2.605.212 МКД од кои 1.953.909 МКД се грант на донаторот и 651.303 МКД се учество на општина Дебрца .
Како и обезбедена е и монтирана опрема, со која се обезбедува пренос во живо на седниците на советот на општината каде ќе се емитуваат на YouTube каналот на Општина Дебрца, преку кој граѓаните во иднина ќе може да ги следат седниците на советот на општината.
Општината и во наредниод период продолжува со соработка со Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, каде по поднесена апликација од страна на општина Дебрца и одобрена ќе се изработува Итегриран план за Локален Економски развој како стратешки документ на општината.
Во прилог На YouTube каналот на Општина Дебрца може да го погледнете краткото видео за активностите за изградба на парк со детско игралиште во село Требеништа https://www.youtube.com/watch?v=7ly-MnBnfDs