More

    Запрете ја оваа пропаганда дури не е предоцна, апелира Трајко Славески

    spot_img

    Се чини дека во крвта на американските демократи е да се закануваат и да го плашат електоратот, и дома и во странство, за време на предизборниот период.

    Синоќа, откако поранешниот претседател Трамп решително го победи својот последен преостанат ривал за номинацијата на Републиканската партија во Њу Хемпшир, претседателот Бајден, откако заклучи дека „сега е јасно дека Доналд Трамп ќе биде републикански кандидат“, предупреди дека „влогот не може да биде поголем“, велејќи дека американската „демократија“, „личните слободи“ и американската економија „сите се во прашање“.

    На домашен (македонски) фронт, неговиот пратеник, помошникот секретар Џим О’Брајан, со неговите изјави, се надевам ненамерно, ги охрабри високите претставници на владејачките партии, СДСМ и ДУИ (Артан Груби, Бојан Маричиќ, Димитар Ковачевски), да сеат раздор и да го плаќат електоратот пред претстојните претседателски и општи избори оваа пролет, со гадна реторика од Студената војна.

    Овие гестови не ѝ служат на демократијата и може да го трујат политичкиот и социјалниот амбиент кај нас.

    Ве молам запрете ја оваа грда пропаганда пред да биде предоцна!

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img