More

    Северина удри по судството за загубата на старателството

    spot_img

    Врховниот суд пак ѝ го одзел старателството на Северина Вучковиќ над син и Александар кој е вратен кај татко му. Северина вчеравечер напишала емоционален текст на Инстаграм според кој ја трпи таа неправда од многу одамна.

    „Го носам откога беше мала капка на длан. Откога се роди, сме само ние двајца. Првиот заб, првата температура, првите чекори… Татко му повремено се појавуваше (како и ден-денес) и заминуваше. И тогаш одеднаш реши да биде татко. Оттогаш, веќе речиси 11 години, тортурата и агонијата на моето дете и мене продолжуваат. Рочишта, сослушувања, испрашувања, пријавувања и вештачења.

    Знаеш дека не си погрешила ништо. И не веруваш дека пак ти се случува тоа. И не си виновна. Никогаш не сум му кренала глас на моето дете, а камоли нешто слично. Нема причина зошто детето не треба да живее во домот во кој се родило, со мене, со баба му и со луѓето кои ги знае од раѓање.

    Сега, врховните судии пресудија. Кренаа рака во име на моето дете кое никогаш не го виделе, со кое никогаш не разговарале, кое има свој живот, свои мисли и кое трпи тортура, а и јас со него. Сега не ми се бараат неправилности во одлуките на Врховниот суд, не барам никакви неправилности, а особено не тие спротивни на постоечката пракса.

    Јас сум мајка. Тој ми е капка вода на дланка, а јас ќе се борам за него до последната капка крв. Моето дете живее и оди на училиште во Загреб за разлика од татко му. Тоа што му се прават вакви нешта на дете, а јас не можам да говорам за тоа за да не навредам некого, е срамота за државава.

    Поедноставено, ова всушност значи дека моето дете; кое го родив, го одгледувам, го образувам и кое живееше со мене од раѓање; пак ќе го гледам во вторник и во четврток од 16 ч. до 20 ч., а секој втор викенд во сабота и недела.

    Ја поминав целата голгота на хрватското правосудство, па ќе ја поминам и оваа на Врховниот суд. Велат дека ја укинале пресудата поради процедурални причини. Ебате ‘процедуралните причини’. Е*ате корупцијата во државава. Еднаш успеавте, но овојпат нема да успеете“.

    Текстот добил „лајк“ од 103.000 луѓе, многу славни од регионот ѝ се јавиле на Северина, а и жени со слична приказна како нејзината.

    Нејзината колешка Ана Бекута, српска пејачка на фолк и поп музика, ја изразила најчувствителната поддршка за Северина:

    „Ќе се најде ли некој кој конечно ќе стави крај на оваа агонија на една мајка? Дали тие што одлучуваат за судбината на нејзиното дете имаат свое дете? Ако немаат дете, имаат ли барем своја мајка? Ако немаат дете ни си ја познаваат мајката, дали имаат зрнце совест? Како е можно во Европската Унија, здрава и вистинска мајка да биде лишена од дете кое сака да живее со неа? Ако ова ѝ се случува на Северина, што, побогу, и се случува на некоја непозната и кутра жена која нема простор, нема адвокат, нема средства да се бори за своето дете…“ – напиша Бекута и продолжи:

    „Јасно ми е дека Северина може да им пречи на некои – на луѓето отсекогаш им пречеле убави, паметни и силни жени. Ама не ми е јасно, со години не разбирам како тие што одлучуваат за судбината на тоа момче не размислуваат за него? Можно ли е омразата кон Северина, склоноста кон корупција и гнилоста на системот да е посилна од емпатијата за момче кое ништо од никого не криело и сака да биде со мама? Северина, немаш друг избор освен да истраеш и да се бориш. Нема друг начин освен да стискаш заби како изминативе 11 години и да се бориш за својот син. И тој и ние знаеме колку го сакаш. Држи се. Ние те сакаме“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img