More

    Принцот од Брунеи стана хрватски зет

    spot_img

    Аниша Иса Калебиќ, која има хрватски корени по нејзиниот татко Ивица од Загреб го ожени синот на најбогатиот владетел на светот – принцот Абдул Матин од Брунеи. Нивната екстравагантна венчавка на која од Ролс Ројс мавтаа кон илјадниците насобрани луѓе во главниот град на Брунеи, Бандар Сери Бегаван, предизвика големо внимание во светските медиуми.

    Принцот Матин е десеттото дете на султанот од Брунеи, најдолго владеење на монархот во светот и еден од најбогатите. Како син на султанот Хасанал Болки тој беше најпосакуваниот ерген, водеше развратен живот, но Аниша, која му била другарка од детството стави крај на неговото бекријство.

     

     

    Само тој има 2,5 милиони следбеници на Инстаграм и уште повеќе на ТикТок. Но, вистинската фама за венчавката на која официјално имаше 5.000 гости предизвикаа фотографиите кои ги објави сестрата на Аниша, Анамарија.

    На фотките можат да се видат државници од повеќе земји од Блискиот Исток – членови на кралското семејство од Саудиска Арабија и Јордан, како и индонезискиот претседател Џоко Видодо и филипинскиот лидер Фердинанд Маркос Џуниор.  Свадбата се одржа во палатата Истана Нурул на 7 јануари.

     

     

    Детството Аниша го поминала во Англија, каде што се школувала. Дипломирала на Универзитетот во Бат, по што започнала свој моден бренд. Таа денес е сопственик на компанија за производство на свила, а има и туристичка агенција. Тааа е внука на еден од советниците на султанот од Брунеи, а нејзиниот брат Даниел е еден од најдобрите пријатели на принцот Абдул. Братот Даниел има хрватско потекло преку неговиот татко Ивица, кој е роден во Загреб, но корените на таткото се од местото Солта и хрватскиот остров Чиово.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img