More

    Почна најдолгиот штрајк на машиновозачите во Германија

    spot_img

    На повик на Германскиот синдикат на машиновозачи (ГДЛ) синоќа започна нов повеќедневен штрајк на вработените во државната компанија Дојче Бан (ДБ).

    Штрајкот започна синоќа во 18 часот (17 часот по Гринич) во товарниот превоз, а рано изутринава, во 02 часот се прошири и на превозот на патници.

    Протестите треба да продолжат до 18 часот следниот понеделник, 29 јануари. Во текот на следните неколку дена, патниците во Германија ќе се соочат со значителни ограничувања при долги и регионални железнички транспорти.

    Како и со претходните штрајкови, Дојче бан подготви распоред со значително намалени услуги. Патниците можат да дознаат кои возови ќе сообраќаат преку веб-страницата на германскиот железнички оператор или неговата мобилна апликација.

    Досега најдолгиот штрајк во Дојче Бан траеше пет дена и се одржа во 2015 година.

    – Новите протести може да доведат до огромни загуби, имајќи предвид дека и другите транспортни патишта се нарушени поради ситуацијата во Црвеното Море – изјави Мајкл Гремлинг од економскиот институт IW во Келн.

    Двете страни се во спор околу колективниот договор од почетокот на ноември.

    Лидерот на синдикатот Клаус Везелски го бранi планираниот штрајк, велејќи дека тој е и законски и пропорционален со оглед на незадоволителните предлози на железничката компанија.

    Во петокот, Дојче Бан претстави нова понуда за плата за да го врати ГДЛ на преговарачка маса. Понудата вклучува можност за еден час пократко работно време за машиновозачите од 1 јануари 2026 година. Понудата вклучуваше и зголемување на платите за вработените за 4,8% од август и дополнителни 5% од април 2025 година.

    Дојче Бан, исто така, им нуди на машиновозачите и на придружниот персонал можност да го намалат работното време од 38 на 37 часа неделно од 1 јануари 2026 година со иста плата. Оние кои ќе се откажат од кратењата ќе добијат зголемување на платите за 2,7 %, се вели во понудата.

    Но, тоа не беше доволно за нови преговори.

    „Со третата и наводно подобрена понуда, Дојче Бан уште еднаш покажа дека продолжува да го следи претходниот курс на одбивање и конфронтација – нема знаци на подготвеност да се постигне договор“, се вели во соопштението на ГДЛ.

    Дојче бан ја бранеше својата понуда до ГДЛ.

    -ДБ се фокусира на компромиси, ГДЛ прекумерно го ескалира конфликтот – рече портпаролот на ДБ.

    Денешниот е четврти штрајк во актуелниот спор за платите. Пред крајот на минатата година, ГДЛ парализираше големи делови од превозот на патници во два штрајка, по што следеше тридневен штрајк со сличен ефект во јануари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img