ЕКСКЛУЗИВНО: Во Тирана упасен водачот на струшкиот нарко клан Валмир Етеми за кого беше распишана меѓународна потерница од ИНТЕРПОЛ

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Синоќа на меѓународниот аеродром Ринас во Тирана Р.Албанија,пред лет за Базел Швајцарија бил уапсен македонскиот граѓанин Валмир Етеми од Струга,баран со распишана меѓународна потерница на Интерпол од страна на македонската полција,дознава редакцијата Охридскај.

Валмир Етеми беше едно од лицата кое според полициската акција бил предводник на криминална нарко група од Струга,во која акција на ден 24-11-2023 година се одвиваше на подрачјето на Општина Струга ,а во која акција беја опфатени 22 лица од кои 19 беа уапсени ,а три лица беа во бегство.Според МВР Етеми бил главата на организираната група,но пред акцијата Етеми добил дојава од страна на одреден висок полициски службеник ,при што во раните утриски часови се дал во бегство.

Како што дознава Охридскај на Валмир Етеми му бил одреден 30 дневен екстрадикциски притвор во Тирана Р.Албанија,а судските власти во Албанија ќе чекаат барање за екстрадикција од македонските власти,за кој барања МВР на РСМ и министерството за правда на РСМ имаат децидни рокови.

 

 

Share This Article