Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека САД и другите западни земји „прават сѐе за да ја развлечат руската воена операција во Украина“. Тој за државната телевизија Русија 24 истакна дека е зголемен обемот на испораки на странско оружје за Украина што јасно укажува дека ќе се борат до последната украинска позиција.
Според Шојгу руските сили методично спроведуваат план за „ослободување на народните републики Доњецк и Луганск“.
Не е познато дали изјавата на Шојгу (66) беше пренесувана во живо или снимена. Доколку биде потврдено, тоа ќе биде прво јавно појавување на рускиот министер за одбрана по извесен период, по наводите дека тој има здравствени проблеми.