Холивудската актерка Шерн Стоун (65) постојано истакнува дека слободното време најмногу сака да го поминува со семејството.
Шерон пред неколку дена на Инстаграм објави фотографија која е направена во текот на ручек со нејзината 90-годишна мајка Дороти.
„Ручек со мама“, напиша Шерон во описот на фотографијата, а многумина забележаа дека тие две личат.
„Две убави жени“, „Двете се убави“, „Сега можете да видите од кого Шерон ја наследила убавината“, „Ме заслепуваат убавината и силата“, „Две моќни, силни жени“, се дел од коментарите покрај објавата.
Инаку, Дороти била во брак со Џозеф Стоун до неговата смрт во 2009 година, во кој добиле четири деца: Шерон, Кели, Патрик и Мајк.
ФОТО: Инстаграм