Советниците едногласно изгласаа субвенции за ЈСП

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Автобусите на ЈСП почнуваат од попладнево да возат, со што практично ќе ја остварат третата смена до полноќ.

Овој пресврт се случи откако беше изгласана одлуката за субвенции за цела 2024 година од 485 милиони денари, со 25 гласови за, без ниту еден глас воздржан и против.

Возењето ќе се одвива непречено и ќе почне и утре рано наутро со прва смена од 04.35 часот.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска им соопшти на вработените од ЈСП Скопје дека се изгласани субвенциите и им порача дека нема потреба да се грижат бидејќи ќе има ЈСП Скопје пари за плати.
Информацијата беше поздравена од 50-та вработени кои останаа до крај да дознаат дали утре платата за декември ќе легне на нивните сметки.

Share This Article