Советничката од ЛДП Теодора Крстевска дојде со своето бебе во Советот на Град Скопје за да гласа за одлуката за субвенционирање на ЈСП, која е неопходно да се изгласа за вработените во ова јавно претпријатие да добијат плати.
Се очекува седницата да продолжи по паузата од 30 минути, која беше побарана од страна на координаторката на СДСМ во Советот на Град Скопје Љубица Јанчева.
Додека заседаваа советниците, вработени во ЈСП протестираа пред општинската зграда на Град Скопје, а изутрината автобусите на градското сообраќајно претпријатија возеа само до 9.00 часот. Тие најавија дека Скопје ќе остане целосно без јавен превоз доколку не им бидат исплатени заостанатите плати.