More

    Претседателот на ФИФА вели дека нема место на расизмот на трибините, најави ригорозни казни

    spot_img

    Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино повика на автоматски пораз на тимовите чии навивачи ќе покажат расизам. Тој проговори за инцидентот со голманот на Милан, Мајк Мањан синоќа на мечот со Удинезе.

    – Настаните што се случија во Удине се крајно одвратни и неприфатливи. Расизмот и другите форми на дискриминација немаат место во фудбалот или во општеството. На играчите погодени од настаните во сабота, им изразувам целосна поддршка. Неопходно е сите засегнати страни да дејствуваат, почнувајќи од образованието во училиштата, за идните генерации да разберат дека расизмот не е дел од фудбалот и општеството. Покрај процесот во три чекори (запирање на натпреварот, повторно прекинување на натпреварот, откажување на натпреварот), мора да воведеме автоматски пораз за тим чии навивачи се расисти и предизвикуваат откажување на натпреварот, како и забрана за расисти на стадионите ширум светот и да има кривично гонење за нив. ФИФА и фудбалската заедница демонстрираат целосна солидарност со жртвите на расизам и каква било форма на дискриминација. Еднаш засекогаш: „Не на расизмот! Не за каква било форма на дискриминација! – напиша Инфантино на социјалните мрежи.

    Голманот на Милан синоќа на средбата со Удинезе беше изложен на расистички навреди од страна на домашните навивачи, по што го напушти теренот, па натпреварот беше во прекин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img