Снегот и студот повторно ја парализираа Србија. Веќе во 19 часот автопатот „Милош Велики“ изгледаше целосно покриен со снег, што го потврдуваат и фотографиите од социјалните мрежи.
Службите за патна помош го отстрануваат снегот и им помагаат на граѓаните во сообраќајот.
Снег пристигна и во Белград. Во соопштението на РХМЗ се наведува дека на места се очекува формирање на помала снежна покривка.
Еден автобус на релација 89 се излизгал на улицата „Ратко Митровиќ“ во Чукарица и оштетил неколку возила, објавено е на страницата „Мој Белград“.
Според прогнозите, формирање на снежна покривка од 1 до 10 сантиметри се очекува во поголемиот дел од Србија во текот на вечерните и ноќните часови.
За утре се прогнозира дека јужните и централните делови од земјава ќе врнат од 5 до 15 сантиметри снег, додека на планините ќе наврнат дури повеќе од 20 сантиметри снег.
Во Белград помала снежна покривка се очекува во пониските делови од градот, додека во повисоките делови може да се наталожат околу 5 сантиметри снег, а на планините како Авалу и Космај локално над 10 сантиметри.
Снежно невреме, но во поголем интензитет ја зафати и Хрватска, каде паѓаа дрва на улици, паркинзи, врз автомобили и на фасади.
Според прогнозите, формирање на снежна покривка од 1 до 10 сантиметри се очекува во поголемиот дел од Србија во текот на вечерните и ноќните часови.