Кристијан Роналдо ја заврши 2023 година како најдобар стрелец во светот.
Роналдо ја достигна бројката од 53 гола во последната календарска година, станувајќи најефикасен играч. Зад него се Килијан Мбапе и Хари Кејн со по 52 гола. Еве зошто се појави на доделувањето на Глоуб Сокер наградите и и се обрати на јавноста. Со декларирањето на силата на саудиската лига, тој предизвика бурни реакции во европската јавност.
„Среќен сум во Ал Наср, тој трансфер беше одличен потег за мене. Саудиската лига е во процес кој ќе биде долг, но чекор по чекор ќе го достигне врвното ниво. Мислам дека ќе стане топ три лиги во светот, со што ќе се гордеат жителите на Саудиска Арабија“, рече Роналдо и додаде:
„Саудиската лига не е послаба од француската Лига 1. Саудиската лига е поконкурентна од француската, тоа можам да го кажам откако поминав една година овде. Оваа лига е веќе подобра од француската, а само што почна да расте“.