Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот официјален Инстаграм профил објави фотографија од Давос како се подготвува за средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– По синоќешната раклет, наместо ручек, чај од нане и ментална подготовка за средбата со Урсула фон дер Лајен – пишува на Инстаграм профилот на претседателот.
Во швајцарскиот град Давос се одржува Светскиот економски форум, а српскиот претседател со своите објави од форумот успеа го привлече медиумското внимание.