Сара Пиес, мајка на двегодишното момче кое почина свиткано покрај телото на починатиот татко (60), за британските медиуми откри нови детали за трагедијата.
Детето Бронсон Батерсби почина од глад и жед откако неговиот татко починал од срцев удар. Мајката на Сара Пиес е убедена дека двегодишното дете сè уште би било живо доколку социјалните служби ја завршеле својата работа.
Бронсон беше премногу мал за да стигне до вратата на фрижидерот или до полицата каде што беа грицките. Имено, таткото непосредно пред трагедијата ги префрлил на горната полица за момчето да не може сам да ги земе кога ќе посака.
„Не можам да престанам да го замислувам како гладува и се обидува да набави храна. Не можам да издржам“, рекла Сара, според The Sun.
За неговата смрт е покрената истрага на социјалните служби, но се разгледува и дали полицијата направила се што можела.
Момчето и таткото последен пат биле видени живи 14 дена пред да бидат пронајдени нивните тела. Социјалните работници го посетиле имотот под кирија на 2 јануари и два дена подоцна, но не добиле одговор. Тие стапиле во контакт со полицијата, но, шокантно, поминале уште пет дена, а телата на Бронсон и Кенет биле пронајдени дури на 9 јануари.