На 16.01.2024 во 16.30 часот на подрачје на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода А.Б.(55) од Скопје. При качување во автобус, тој бил затекнат при вршење кражба на мобилен телефон од малолетничка од Скопје. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.01.2024 во 01.55 часот во спортска обложувалница во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Н.(32) од с.Ново Село, општина Желино. Тој бил фатен при обид да изврши „тешка кражба“ во обложувалницата и кај него бил пронајден и одземен предметот со кој ја отворил вратата. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 16.01.2024 во 22.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(48) од Куманово. Тој се сомничи дека од приватен имот на улицата „Доктор Рибар“ во Куманово одзел повеќе предмети. Ф.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 16.01.2024 во 16.40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.К.(28) од Тетово. Тој бил баран по судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 17.01.2024 во 06.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Р.(27) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.
На 16.01.2024 во 22.15 часот во Тетово, полициските службеници од СВР Тетово го привеле В.А.(37) од тетовска Стримница. Тој бил баран по судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 16.01.2024 во 17.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода А.Н.(31) од Куманово затоа што кај неа била пронајдена прашкаста материја. А.Н. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.
На 17.01.2024 во 01.45 часот на улица „Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица од Прилеп ги лишиле од слобода Г.С.(23), Х.Г.(20) и М.Н.(21), сите од Прилеп, затоа што при преглед во возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Г.С., а останатите двајца биле сопатници, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 16.01.2024 во 13.25 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.К.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.01.2024 во 15.20 часот на улица „108“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетничка од Тетово затоа што кај неа била пронајдена марихуана. За настанот биле запознаени нејзиниот старател и адвокат по службена должност, а малолетничката била предадена на социјален работник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.01.2024 во 13.40 часот во Полициското одделение Новаци, Б.П.(47) од с.Новаци, општина Новаци, пријавил дека во нива во атар на селото пронашол граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ја подигнал гранатата и утврдил дека се работи за артилериска граната калибар 75 мм. од Првата светска војна.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (16.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, 10 мерки за користење на мобилен телефон, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, пет мерки за некористење на сигурносен појас…
На 16.01.2024 во 18.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Општина Арачиново, кај с.Ново Село, кумановско, патничко моторно возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.С.(25) од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатникот Ф.А.(48) и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 16.01.2024 во 18.15 часот во Полициската станица Центар, Н.С.(72) од Скопје пријавил дека на кеј на река Вардар бил каснат од куче скитник.
На 16.01.2024 во 09.50 часот во Полициската станица Аеродром, Б.М.(59) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Комаров“ бил каснат од куче скитник.
На 16.01.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Драчево, З.Д.(52) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник.