На 17.01.2024 во 01.55 часот во спортска обложувалница во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода лицето С.Н.(32) од с.Ново Село, општина Желино. Тој бил фатен при обид да изврши „тешка кражба“ во обложувалницата и кај него бил пронајден и одземен предметот со кој ја отворил вратата. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.