Пан Интертрејд предупредува дека се врши суптилен притисок кон Комисијата што ќе избира

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пан Интертрејд ДОО Скопје испрати соопштение до медиумите околу нејзините активности по повод пријавувањето на јавниот повик за универзален снабдувач за струја.

Нивното соопштение го објавуваме во целост:

„Земајќи предвид дека во некои медиуми симптоматично се појавуваат нарачани негативни квалификации за Пан Интертрејд ДОО Скопје, со што се отвора сомнеж дали така се врши суптилен притисок врз комисијата за избор на нов универзален снабдувач, сметаме дека е неопходно да го истакнеме следното.

Пан Интертрејд ДОО Скопје повеќе години работи успешно на македонскиот пазар, иако се соочуваме со нееднакви услови, каде еден снабдувач има привилегирана позиција и користи државни субвенции, што претставува нелојална конкуренција за сите останати субјекти во секторот. Нашата компанија нема никаква поврзаност со компанијата од Србија која беше спомната во некои медиуми.

На јавниот повик учествуваме во конзорциум со ЕДС, компанија ќерка на ППС со вкупен број вработени од над 12.000 и годишен обрт од 12 милијарди евра. Нашата компанија е веќе подолго време во потрага по меѓународен партнер со кој би можеле да го развиваме бизнисот дополнително, и овој повик го искористивме за формализирање на таа соработка.

Оттука, сите шпекулативни конструкции насочени кон создавање перцепција во јавноста дека станува збор за компанија со негативно портфолио, со нарачани прашања насочени кон дискредитација на конзорциумот, ги оценуваме како нечиј паничен страв од јавната аукција, која ќе ги извади на виделина причините за повеќенеделната хајка која се води против нашиот конзорциум.

Со оглед на фактот дека станува збор за компании со меѓународен кредибилитет сакаме да истакнеме дека нема да дозволиме нападите кон нас да го нарушат корпоративниот имиџ и да влијаат негативно на нашите деловни биланси. Доколку оваа нарачана кампања продолжи, нашите правни тимови ќе бидат принудени да преземат соодветни дејствија.

Сите ‘загрижени’ истражувачи на оваа тема ги упатуваме да побараат одговори на следните прашања: Зошто некој упорно се обидува да спречи конкуренција во понудите? Кој се плаши од намалена маржа? Зошто клучните два услова, за работен капитал од 40 милиони евра, и позитивен биланс во последните три години, не постоеја на јавниот повик пред 5 години, и како магично се појавија на овој повик? Дали евентуално причината за тоа беше дека некој тогаш не можеше да исполни ваков услов?

Конечно, апелираме до дел од медиумите да ги остават надлежните државни институции да одлучуваат исклучиво согласно законот и во интерес на граѓаните и домаќинствата. Евентуално политички мотивирана одлука или избор на нов универзален снабдувач ќе ја стави државата во неповолна положба и под закана од правни спорови и потенцијални високи отштети“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article