More

    Побунетите затвореници една недела ги држеа како заложници

    spot_img

    Ослободени се сите 178 затворски службеници кои осудениците во седум еквадорски затвори ги држеа како заложници, соопшти денеска Агенцијата за спроведување на затворски санкции на Еквадор.

    Затворениците од понеделникот држеа како заложници 158 чувари и 20 административни службеници по зголеменото насилство во оваа јужноамериканска земја.

    Еквадор се бори со безбедносна криза која се влоши оваа недела, кога маскирани вооружени лица нападнаа ТВ станица, а затворениците ги заробија затворските службеници.

    Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа потоа потпиша извршна уредба со која се прогласува дека земјата е во внатрешен вооружен конфликт.

    Тој изјави дека во земјата има голем број организирани криминални групи кои ги означи како терористички организации, додавајќи дека на вооружените сили им наредил да спроведат воени операции за неутрализирање на овие групи.

    Еквадор е во вонредна состојба по бегството од затвор на озлогласениот водач на банда Адолфо Масиас Виљамар, познат како Фито, што доведе до киднапирање на најмалку седум полицајци и серија експлозии низ целата земја.

    Групата на Фито, меѓу другото, е осомничена и за убиство на претседателски кандидат во Еквадор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img