More

    Зеленски предупредува што ќе се случи при пораз на Украина

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека неколку земји би можеле да се најдат на удар на Владимир Путин и дека ќе бидат изложени на ризик од напад доколку се прекине отпорот на Киев. Зеленски именуваше четири европски нации за кои верува дека би можеле да ја делат судбината на Украина .

    – Литванија, Летонија, Естонија, Молдавија можат да бидат следни. И тоа е сигурно, ако не издржиме – рече Зеленски во видеото што го сподели Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина.

    Зеленски е на турнеја низ балтичките земји и вчера во Литванија и се заблагодари на таа земја за пакетот долгорочна воена помош за Украина, вреден околу 200 милиони долари. Истовремено, тој посочи дека Русија во последно време испратила закани до неколку земји.

    – Неодамна слушнавме дека почнале да зборуваат за Финска, дека почнале да зборуваат за независноста на Узбекистан итн. Путин нема да стави крај на ова додека колективно не го победиме – рече Зеленски.

    Во средината на декември, Путин рече дека ќе има „проблеми“ со Финска откако таа ќе влезе во НАТО.

    – Западот ја вовлече Финска во НАТО! Зошто, имавме ли некакви спорови со Финска?! Сите спорови, вклучително и оние од територијална природа во средината на 20 век, одамна се решени. Нема проблем, ќе го создадеме Ленинградскиот воен округ и таму ќе ги концентрираме воените единици – рече Путин.

    Шведска, уште една земја која се откажа од својата неутралност по руската инвазија на Украина, се очекува да влезе во НАТО по Финска.

    Според Би-Би-Си, министерот за цивилна одбрана Карл-Оскар Болин во неделата изјави дека „може да има војна во Шведска“. Тој беше поддржан од командантот генерал кој рече дека „сите Швеѓани треба ментално да се подготват за можноста за војна “.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img