Драма во авионот: Фудбалерите на Гамбија се гушеа, пилотот мораше да реагира, катастрофата едвај беше избегната

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вистинската драма се одвиваше во авион, на небото над Гамбија, кога фудбалскиот тим А на земјата се обиде да лета до Африканскиот куп на нации во Брегот на Слоновата Коска.

Недолго по полетувањето на чартерот од Банџул, фудбалерите почнаа да се гушат и да чувствуваат главоболки.

Како што пренесуваат локалните медиуми, набргу по нивното полетување, пилотот бил принуден да го врати авионот на пистата, пишува Nieuwsblad.

На Фејсбук страницата се огласи и Фудбалскиот сојуз на Гамбија.

„Со жалење ве информираме дека чартер-летот што ги превезуваше Скорпионите за Африканскиот куп на нации се врати во Банџул поради технички проблеми. Летот траел девет минути кога екипажот сфатил што се случило и побарал да се врати во Банџул. „Прелиминарните истраги покажаа дека имало губење на притисокот во авионот“, соопштија од воздухопловните сили на Гамбија.

„Имаше инцидент за време на летот на Гамбија до AFCON. Неколку играчи се онесвестиле поради недостаток на кислород во авионот. Причината? Големината на авионот. Двајцата репрезентативци се уште се во шок по ова трауматично искуство. Авионот се врати во Гамбија со целата делегација“, се вели на Твитер профилот на CentreGoals.

Гамбија е сместена во групата Ц со Сенегал, Камерун и Гвинеја.

 

Share This Article