МВР – Извадок на дел од дневни настани, 11.01.2024

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Утрово (11.01.2024) околу 06.40 часот во СВР Скопје е добиена пријава за пожар во стан во зграда на ул. „Пандил Шишков“ во Скопје. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а во станот е пронајден починат Г.Б. (76). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (10 јануари)  околу 20.30 часот, во с.Пирок-тетовско, го лишиле од слобода Ј.С.(35) од ова село затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок.

На 10.01.2024 во 22.35 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ј.(22) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.01.2024 во 16.50 часот било пријавено дека на автопатот Скопје–Тетово, во близина на клучка Волково, патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(32) од Скопје, удрило во металната ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 10.01.2024 околу 14.30 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од бул.„Србија“ со бул.„Јане Сандански“ и бул.„Видое Смилевски-Бато“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(33) од Скопје, и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Х.(20) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Х., а со телесни повреди се здобиле возачот Д.А. и неговиот сопатник Х.Ф.(28) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 115 мерки, меѓу кои 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 13 мерки за користење мобилен телефон при возење, девет мерки за непочитување на првенство на минување…

Денеска (11.01.2024) во 00.57 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кочани- Пониква патничко моторно возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано Н.И.(19) од с.Карбинци, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатниците И.М.(21) од с.Карбинци, М.К.(18) и А.Ј.(20), двете од Штип, констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

На 10.01.2024 во 11.40 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Косовска“ во Тетовo, патничко моторно возило удрило во Т.А.(64) од Тетово, по што го напуштило местото на настанот. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и расчистување на случајот.

Денеска (11.01.2024) во 01.30 часот во Полициската станица Драчево Р.Б.(41) од с.Батинци пријавил дека на ул.„Јанко Мишиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 10.01.2024 во 14.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, за излез од државата се пријавил В.А.(41) од Молдавија кој бил без соодветени документи за патување. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

На 10.01.2024 во 15.30 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода го лишија Ф.Д.(30) од Кичево. Тој се сомничи дека на 18.12.2023 во семејниот дом во Кичево и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје каде, на 08.01.2024 починала. Во координација со јавен обвинител, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

По претходно добиени оперативни сознанија, на 10.01.2024 во 13.45 часот на автопатот “Пријателство” во близина на с. Марвинци од страна на полициски службеници од РЦ за ГР Југ- ПС за ГН Михајлово било запрено патничко возило “ауди” со скопски регистерски таблички, управувано од Т. П. (38), а во возилото се пронајдени четири лица- мигранти од Кина. Исто така, сопрено е возило “голф” управувано од Т.О. (40) од Скопје, под сомнение дека било претходница на возилото “ауди”. Т.О. и Т.П. се лишени од слобода. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава.
 

TAGGED:
Share This Article