More

    Во Прилеп се одржа традиционалниот Божикен ручек за 400 дечиња

    spot_img

    Под мотото „Едно небо за сите деца во светот“ во Прилеп по 18-ти пат се одржа потрадиционалниот Божиќен ручек. На заедничка трпеза седнаа околу 400 деца од сите крашта и од повеќе целни групи: деца без родители, од згрижувачки семејства, на бранителите, од социјално загрозени семејства, од домовите за згрижување и од верските заедници.

    – Вредностите кои се промовираат преку овој Божиќен ручек се: еднаквоста, толеранцијата, љубовта и мирот помеѓу децата. Тоа значи децата да се почитуваат меѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранциојата и сите ние заеднички да придонесуваме кон градење на нашето општество – рече Александра Северкоска Стојаноски од невладината „Детска амбасада за сите деца во светот“.

    Владиката Петар го благослови Божикниот ручек за децата и порача дека треба да се раководиме од искреноста на децата и така да ги усогласиме постапките.

    – Од децата пример да земеме како треба да живееме во слога, во љубов, во мир, во незлобивост, во чесност, во достоинство – рече владиката Петар.

    Од градските власти на Прилеп децата на Божикниот ручек добија новогодишни пакетчиња и желби за безгрижно детство.

    – Да се чува традицијата на овој Божикен ручек. Да биде поброен, поопфатен со повеќе дечиња, а ние им подарувме скромни новогодишни и божикни пакетчиња – рече Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

    На денешната манифестација, невладината „Детска амбасада за сите деца во светот додели благодарници на повеќе институции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img