Православен свештеник, основач на најголемата грчка невладина организација која се грижи за сиромашните деца, и неговата сопруга се осомничени за перење пари и проневера и против нив е отворена кривична постапка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Православен свештеник, основач на најголемата грчка невладина организација која се грижи за сиромашните деца, и неговата сопруга се осомничени за перење пари и проневера и против нив е отворена кривична постапка.

По истрагата која траеше повеќе од една година, сопругата на свештеникот, одговорна за невладината организација „Кивотос ту Косму“ (Ковчегот на светот), се гони за измама, проневера и перење пари, додека нејзиниот сопруг, свештеникот Антониос Папаниколау се гони за поттикнување на тие злосторства.

Тие се соочуваат со казна затвор од 10 до 20 години.

Според грчката новинска агенција АНА, извештајот од истрагата покажува дека попот и поадијата имале значителни неоправдани трошоци во име на нивната организација, како што се купување на недвижен имот во Епир, во северниот дел на Грција и повлекување на два милиони евра од средствата на НВО, кои не биле искористени за организацијата.

Share This Article