Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, упати сочувство до Техеран во врска со „терористичкиот напад“ во кој загинаа 95 лица.
Борел разговараше со иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан „за да му изрази сочувство по ужасните експлозии во Керман во кои загинаа десетици цивили“.
„Најостро го осудив овој терористички напад и ја изразив мојата солидарност со иранскиот народ“, рече Борел на социјалните мрежи.
Никој не ја презеде одговорноста за нападот, но политичкиот советник на иранскиот претседател ги обвини Израел и САД. Стејт департментот рече дека секоја сугестија за вмешаност на САД или Израел во нападот е „апсурдна“. Израелските власти не го коментираа нападот.
Во нападите во Иран вчера, на четвртата годишнина од атентатот на генералот Касем Сулејмани, загинаа 95 лица, објавија државните медиуми нов биланс на експлозии. Претходно беше соопштено дека загинале 103 лица.