Хрватската пејачка Северина Вучковиќ со еден потег направи вистинска бура во јавноста на нејзиниот предновогодишен концерт во Котор, Црна Гора.
Имено, таа настапи на плоштадот во Котор, а кога почна да ја пее песната „Иванова корита“ на присутните им порача:
„И не ја давајте Црна Гора“.
Ова наиде на спротивставени коментари, а пејачката сега проговори за хрватските медиуми и накратко рече:
„Мир Божји, Христос се роди… И деца, чувајте ја Србија од омраза и насилство“, кратко прокоментира пејачката за хрватскиот портал „24сата.хр“, откако доби бројни критики.
Да потсетиме, Северина беше „распната“ на социјалните мрежи за горенаведената изјава, бидејќи многумина се на мислење дека пејачката од Хрватска непотребно ги подгрева конфликтите меѓу Србија и Црна Гора.
Инаку, оваа песна ја напиша српскиот композитор Милутин Поповиќ Захар, а ја испеа српската пејачка Мерима Његомир. На оваа тема се огласи и ќерката на покојната Мерима. И двајцата негодуваа за однесувањето на хрватската пејачка.