More

    Скаут Вилис, ќерка на актерот Брус Вилис и Деми Мур, сподели фотографии од минатата година со својот татко кој боледува од деменција

    spot_img

    Скаут Вилис, ќерка на актерот Брус Вилис и Деми Мур, сподели фотографии од минатата година со својот татко кој боледува од деменција, како и фотографии од други членови на семејството.

    Скаут (32), на 31 декември објави сет фотографии од 2023 година на Инстаграм. На една фотографија лежи потпрена на градите на својот татко Брус Вилис, а се гледаат неговите тетоважи посветени на ќерките Мабел и Евелин, кои ги има со втората сопруга Ема Хеминг Вилис. Исто така, во овој албум има многу спонтани фотографии како и нејзиното одење на црвениот тепих со нејзината мајка Деми Мур.

    Покрај тоа, Скаут веќе претходно сподели моменти од Брус Вилис како поминува време околу Денот на благодарноста во 2023 година, кога на својот инстаграм-профил сподели видео од нив двајца како се држат за раце.

    Да потсетиме, познатиот актер боледува од фронтотемпорална деменција. ФТД е најчестиот тип на деменција кај луѓе помлади од 60 години. Наместо да влијае на меморијата, како што тоа го прави Алцхајмеровата болест, ФТД обично влијае на однесувањето, личноста и комуникацијата.

    Просечниот животен век на лице со ФТД е помеѓу седум и 13 години, според податоците на Здружението за фронтотемпорална дегенерација.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img