Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша указ со кој неговата земја се повлекува од договорот од 1992 година со кој беше формиран Советот на команданти на граничните трупи на Заедницата на независни држави (ЗНД), пренесува руската новинска агенција ТАСС.
„Уредбата го укинува членството на Украина во Советот на команданти на граничните трупи (ЗНД), кој беше потпишан во Москва во 1992 година“, се наведува во указот објавен на веб-страницата на претседателот.
Документот му наложува на украинското Министерство за надворешни работи да го информира Извршниот комитет на ЗНД за одлуката.