Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија лансирала околу 110 проектили и беспилотни летала врз украински цели во текот на ноќта во еден од најголемите напади во годината, објави денеска Асошиетед прес.
Повеќето од проектилите и беспилотните летала што пристигнале биле соборени, но најмалку седум цивили загинале, а непознат број луѓе биле затрупани под урнатините, соопштија украинските власти.
Според информациите, има неколку повредени.
Зеленски рече дека силите на Кремљ користеле широк опсег на оружје, вклучувајќи балистички и крстаречки ракети.