More

    Сите се чудат за славната модна дизајнерка

    spot_img

    Познатата модна дизајнерка Вера Ванг со години одушевува со својот младешки изглед, поради што луѓето едноставно не можат да поверуваат дека таа веќе има 74 години.

    Вера сега објави празнична фотографија со ќерките Жозефина и Сесилија Бекер и сите три позираа во исти фустани, кои секако ги дизајнираше Вера. Инаку, модната дизајнерка е најпозната по креирањето на велелепни венчаници.

    „Јас и моите девојки. Многу сме среќни заедно”, напиша дизајнерката во описот на фотографијата објавена на Инстаграм, која ги воодушеви нејзините следбеници, а многумина коментираа дека изгледаат како сестри.

     

    „Тука не гледам мајка и ќерки, гледам три сестри“, е само еден од коментарите.

    Вера Ванг е светски познато дизајнерско име, а носењето нејзини креации со децении е прашање на престиж кај многу светски ѕвезди.

    Тоа е синоним за елеганција, но и виталност, бидејќи никој не може да поверува дека поранешната спортистка и во осмата деценија има изразени стомачни мускули.

    Кога еднаш ја прашале како ја одржува линијата на која и завидуваат многу помладите девојки, Вера одговорила дека нема рутина, туку вежба кога ќе стигне и кога ќе се сети. Покрај тоа, не обрнува премногу внимание на тоа како се храни, се грижи само за порциите.

    „Морам да кажам дека во младоста бев врвен спортист, се занимавав со уметничко лизгање и танцував балет. Кога ги поминувате првите 16 години од животот толку физички ангажирани, ми се чини дека останува, телото се сеќава на тоа“, рекла славната модна дизајнерка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img