Апелациониот суд во Белград го потврди обвинението против таткото и мајката на Коста К. кој на 3 мај уби девет ученици и чувар во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“.
Во обвинението таткото на момчето, Владимир Кецмановиќ се товари за тешко кривично дело против општата безбедност, додека неговата мајка Милијана Кецмановиќ се товари за недозволено изработување, држење и носење оружје и експлозивни материјали.
Второстепениот суд ја одби жалбата на бранителот на третообвинетиот и го потврди решението за потврдување на обвинението, потврдено е за Танјуг од Вишиот суд во Белград.
Судот наскоро треба да го закаже почетокот на судењето.
Покрај таткото и мајката на Коста К., обвинети се и сопственикот на стрелачкиот клуб “Партизан практикал шутинг“ во кој момчето учело да пука и инструкторот во тој клуб.
Вишото јавно обвинителство во Белград во обвинението предложи таткото на Коста К. да биде осуден на 12 години затвор, мајката на затворска казна од две и пол години, додека за сопственикот на стрелачкиот клуб и инструктор во тој клуб предложи затворска казна од по три години.
Владимир Кецмановиќ обвинението го товари за кривично дело тешки дела против општата безбедност, односно дека го обучувал својот 13-годишен син да ракува со огнено оружје, како и дека не го чувал оружјето како што налага законот.
Вишото јавно обвинителство директно ја обвини мајката на момчето Милијана Кецмановиќ поради кривично дело недозволено изработување, чување и носење оружје и распрскувачки материи.
За кривичното дело давање лажен исказ, како што рече, директно е обвинет претседателот на Стрелачкиот клуб и инструктор во тој клуб.