More

    Контролорите на летање го одложија штрајкот

    spot_img

    Нема застој во авиосообраќајот денеска на аеродромите во Скопје и Охрид, а така ќе биде и на 31 декември, бидејќи контролорите на летање го ставија во мирување закажаниот штрајк.

    Вчера Самостојниот синдикат на контролори на летање и раководството на Македонската навигација се договорија да се реализираат спорните огласи вработување.

    -Заклучивме да го откажеме штрајкот од неколку оперативни причини. Видовме дека со нашата активност доведуваме до тоа изборот на неопходниот оперативен кадар да биде пролонгиран и да не може да се изврши доколку продолжиме да инсистираме на 10 работни денови за конкурсот, а и понатаму стоиме на тоа дека треба да отпаднат тие двајца несуштински кандидати за вработување. Имавме опција или целосно да се откажат сите вработувања или да прифатиме, односно  да ја „проголтаме“ неисправноста од страна на директорите кои веројатно играле на таква карта намерно за да немаме шанса голема за маневрирање- изјави вчера по состанокот претседателот на синдикатот Александар Тасевски.

    Според него, доколку оперативниот кадар не биде примен сега најверојатно во текот на 2024 година нема да може да конкурира што дополнително ќе го отежне работењето на работниците од оперативната и од воздухопловна техника и инженерите.

    Тој најави дека ќе ја следат реализацијата на конкурсите, постапките за селекција и евентуалните неправилности.

    -Доколку за кандидатите кои ќе бидат примени за несуштинските работни места се потврди дека се тие за кои и сега имаме соменавање дека заради нив се наместени конкурсите, тогаш ќе има потврда дека директорите ја манипулирале и ја злоупотребиле целата ситуација. Тогаш ќе треба да се поставуваат прашања кон нив – како знаеле и кој и зошто им наложил токму тие лица да бидат примени –  рече тој.

    Синдикатот го најави штрајкот како реакција на објавените огласи за вработувања во М-НАВ, со критериуми и времетраење спротивни на постигнатата спогодба со менаџментот од октомври годинава што е спротивно на договорот од октомври годинава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img