Почина композиторот Тоде Новачевски, автор на најпопуларните песни на поп дуетот Маријана и Росана

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Композиторот Тоде Новачевски, автор на најпопуларните песни на поп дуетот Маријана и Росана, почина на 66 години во Мелбурн, Австралија, по повеќегодишно тешко боледување.

Тој беше поранешен сопруг на пејачката Маријана Сариќ, која со сестра си близначка Росана ги испеаја неговите најголеми хитови, како антологиските „Признавам“, „Свири ми брате Цигане“, „Ако не исчезнам“, „Верувај ми“, „Венера“, „Око мое“, „Има една судбина“. Новачевски ја пееше насловната песна „Урде чавен“ на ТВ-серијата „Трст виа Скопје“.

Новачевски е роден во Битола, а повеќе децении живееше во Мелбурн. Со Маријана имаше две деца.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply