Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Перу во средата, објави Геолошкиот институт на САД (USGS), пренесува Anadolu.
Земјотресот, со епицентар во регионот Иреј, се случил на длабочина од 93,4 километри, соопшти USGS.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Перу, една од земјите со најголеми сеизмички движења во светот, се наоѓа во сеизмичката зона на Пацификот, позната и како „Огнен прстен на Пацификот“.