На 17-ти декември 2023 година, во 00:40 часот, на крстосницата на булеварот „Железничка“ со улицата „Будва“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.
Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 48-годишно лице од Охрид и патничко возило „Форд“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од 37-годишно лице од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двете лица во возилото „Форд“, а не само едно како што во својот допис до медиумите имаа истакнато во соопштението од МВР!!!
Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи, а возачот на „Мерцедесот“ бил лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик,стоеше во соопштението на МВР.
За шамарче ,притворче, за обиди за убиства ваучер за теретана!
Редакцијата Охридскај дојде до видео од надзорни камери кој се наоѓаат во непосредна близина на местото на настанот.Од видео материјалот може да се согледа дека, лицето С.Ц.А кој управувал пмв „Мерцедес“ на улица Железничка, возилото се движело со брзина за која експертите кој го погледнаа видеото оценуваат дека е над 160 км/ч, и дека истиот возач врз возилото со ваква голема брзина нема контрола, што според нив укажува дека лицето би можело да биде под дејство на алкохол или други недозволени средства.
Двете лица кој се наоѓале во возилото „Форд“ сопственост на МВР имаат тешки телесни повреди, од кој возачот има фрактура на 7 ребра, пнеуаторакс, набиеници и истиот се наоѓа на клиниката за торакална хирургија во комплексот клиники „Мајка Тереза“во Скопје.
Совозачот во возилото „Форд“ се здобива исто така со тешки телесни повреди -фрактура на 12 и 13 пршлен, набиеници по цело тело, повреда на десно око. И двајцата полициски службеници имаат животно загрозувачки повреди.
И покрај степенот на повреди со кој се здобиле двете лица од возилото „Форд“ сопственост на МВР и покрај фактот што на наведената траекторија на улица „Железничка“ во Охрид дозволена брзина на движење е 30 км/ч,покрај фактот дека лицето кој е причинител на сообраќајната незгода С.П.А,управувајќи возило под дејство на алхохол, свесно довел до загрозување на живот и други материјални добра на граѓани, Јавно Обвинителство Охрид, како и во низа од неколку случаи кој се случија последниве 4 месеци во Охрид, застанува во своевидна заштита на прекршителите на кривичниот законик и за истите сторители не наоѓа основ за определување на мерки за претпазливост.
Истото јавно обвинителство во Охрид пред само 5 месеци во доцните вечерни часови цело се мобилизираше заедно со началникот на СВР Охрид Жарко Лазоровски, да бара и издејствува мерка Притвор за лице кое го нарушило ЈРМ на начин што на друго лице му удрило Шамар.
Додека две лица испектори на СВР Охрид се борат за живот , сторителот на кривичното дело ужива во „билдање“ во теретана, чудна правда делат во обвинителствата ….
С.Д.