Јапонскиот „Nippon Steel“ ја купува американската компанија „US Steel“ во трансакција вредна 14,9 милијарди долари. Трансакцијата се очекува да му помогне на јапонскиот производител на челик да го приближи својот глобален капацитет за производство до 100 милиони тони.
Компанијата ќе го зголеми и приходот бидејќи во САД се очекува да се зголемат цените на челикот бидејќи производителите на автомобили го зголемуваат производството по неодамнешните договори со синдикатите за прекин на штрајковите.
Компанијата соопшти дека сите обврски на „US Steel“ кон вработените, вклучително и колективните договори со синдикатите, ќе бидат почитувани.
Извршниот потпретседател на компанијата, Такахиро Мори, рече дека компанијата работи во САД веќе 40 години и дека е уверен дека трансакцијата ќе биде успешно завршена.