More

    Ќе ги чека оцените на ОБСЕ/ОДИХР

    spot_img

    Европската Унија нема да се изјасни за изборите во Србија сè додека мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и Канцеларијата за човекови права и демократски институции (ОБСЕ/ОДИХР) не ги презентираат прелиминарните извештаиизјави портпаролката на Европската комисија Ана Писонеро.

    – Изборите ги следевме многу внимателно и секогаш се воздржуваме од коментари додека ОБСЕ/ОДИХР не даде прелиминарна оценка, која ќе биде подоцна попладнево  изјави Писонеро на брифинг за медиумите.

    Од друга страна, сенаторот на Руската Федерација и шеф на набљудувачката мисија на Интерпарламентарното собрание на Заедницата на независни држави, Дмитри Василенко, синоќа изјави дека мисијата не забележала сериозни нерегуларности за време на парламентарните и локалните избори во Србија и оти тие се одвиваат во фер и коректна атмосфера.

    Василенко рече дека мисијата дошла на покана на Републичката изборна комисија, дека членовите на таа група ги набљудувале изборите на 17 избирачки места во Белград и оти не забележале сериозни нерегуларности.

    – РИК и локалните изборни комисии ги создадоа сите услови за изразување на слободната волја на граѓаните. Гласачите покажаа високо ниво на доверба во структурите што ги спроведоа изборите. Подготовката и одржувањето на вонредни избори за пратеници во српскиот Парламент беа во согласност со националното законодавство и меѓународните стандарди за одржување на демократски избори – рече Василенко и додаде дека за сето тоа сведочи високиот одѕив на изборите.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img