Популарниот телевизиски актер Андре Браугер почина во понеделникот на 62-годишна возраст по кратко боледување, потврди неговиот публицист за „Си-ен-ен“.
Браугер најмногу ќе остане запаметен по улогите на телевизиски полицаец, особено во последните години во серијата „Бруклин девет-девет“, а претходно во серијата „Убиство“ каде го играше детективот Френк Пемблтон во Балтимор. Токму таа серија му донесе слава и првата Еми награда, а потоа и низа други улоги.
Своето второ Еми го освои во 2006 година за мини серијата „Крадец“, а вкупно освои уште 11 номинации за голем број други улоги.
Неговиот колега од „Бруклин девет-девет“, Тери Круз, ја објави смртта на Браугер на Инстаграм.
– Не ми се верува дека те нема. Беше чест да те познавам, да се смеам со тебе и да споделам осум години со тебе и да го гледам твојот незаменлив талент. Ова боли. Прерано нè остави – напиша тој.
ФОТО: Инстаграм